Голден стејт вориорс ја покажа својата големина како спортски колектив, не заборавајќи на семејството на Дејан Милојевиќ по трагичната смрт на српскиот кошаркарски стратег.
Информациите кои доаѓаат од САД говорат дека „воините“ го повикале Никола Милојевиќ, синот на Дејан, да биде дел од тренерскиот тим на развојниот тим на Голден Стејт во Летната лига на НБА.
Никола без размислување ја прифатил понудата и ќе биде дел од Санта Круз вориорс, собирајќи го неопходното тренерско искуство за да тргне по стапките на починатиот татко.
Дејан Милојевиќ три години беше дел од стручниот штаб три години се до трагичната смрт, откако имаше срцев удар при едно патување со тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА