Во интервју за „Вог“, еден од најдобрите фудбалери во историјата Португалецот Кристијано Роналдо изјави дека е многу можно дека се наоѓа е во последната година од својата кариера, но дека пред тоа сака да остави наследство кое ќе се памети долго време.
„Ова е веројатно мојата последна година во фудбалот и сакам да оставам спектакуларно наследство“, рече Роналдо.
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња за првпат отворено проговори за тоа што го чека по завршувањето на кариерата.
Роналдо е свесен дека напуштањето на фудбалот ќе претставува огромна промена во неговиот живот, со оглед на тоа што практично целиот свој живот го посветил на овој спорт.
„Повлекувањето од фудбалот ќе остави голема празнина кај мене, па затоа мора да најдете начин да го поминете времето на различни начини“, рече Португалецот.
Иако ќе му недостига секојдневниот живот на професионален фудбалер, Роналдо веќе знае некои од работите што би сакал да ги прави во времето по завршувањето на кариерата.
Патувањата, повеќе време за уживање, но и паделот, спорт што особено го сака, би можеле да станат дел од неговото секојдневие.
„Повеќе забава, повеќе патување, гледање и играње падел, што навистина го сакам, и продолжување да уживам во она што го заработив, она што го заработивме“, рече Роналдо.
Сепак, пред да дојде време да се збогуваме, Португалецот има повеќе цели што сака да ги постигне на фудбалскиот терен.
За време на својата кариера, Роналдо освои речиси сè што можеше, постави бројни рекорди и остави огромен белег во клубовите и националниот тим.
Токму затоа неговото конечно збогување нема да биде обичен крај на кариерата, туку крај на една од најголемите фудбалски ери.
Португалецот сега сака да го напише последното поглавје од својата кариера на начин што ќе биде достоен за сè што направил.
Засега, тој не го прецизираше точниот момент кога ќе се збогува со фудбалот, но со тоа „веројатно последната година“, даде многу јасна индикација за прв пат дека тој момент се ближи.
Како што стојат работите, оваа сезона дефинитивно ќе биде последна за Кристијано Роналдо во професионалниот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
