Жан Тод открива: Постојано гледаме трки заедно со Шумахер

Неколку дена по жестоките критики на Вили Вебер, човекот кој се грижеше за кариерата на Михаел Шумахер за постојаните лаги на неговото семејство за состојбата на легендарниот Формула 1 возач, својот став го искажа поранешниот шеф на Ферари, Жан Тод.

Големиот пријтел на Шумахер за германски РТЛ вели дека го посетува најмалку два пати месечно, заедно гледајќи Формула 1 трки.

„Мене Михаел не ми недостасува. Јас постојано го гледам. Вистина е дека гледаме трки заедно. Меѓутоа, ми недостасуваат работите кои некогаш ги правевме заедно. Не го оставам сам. Тој, Корина, целото семејство и јас имавме многу искуства заедно. Убавината која ја доживеавме е дел од нас и таа продолжува. Понекогаш успехот и парите го менуваат човекот, но Михаел никогаш не се промени“, изјави Тод.

Се вчитува...