Тодоров: Македонија нема да има проблем да се пласира на следното ЕП

Сонот за Европско првенство на македонската кошаркарска репрезентација продолжува за трае со оглед на тоа што „црвено-жолтите“ не успеаја да се пласираат на евро-сцената по последните квалификации на кои се сретнавме со Естонија, Италија и Русија.

На денешната прес-конференција на КФСМ се огласи и селекторот Тодоров кој верува дека генерацијата која доаѓа нема да има проблеми да го оствари посакуваниот пласман.

„Чувствата се измешани, неуспеавме да се пласираме на Европското првенство, но има и причина за задоволство. Посебно од аспект на доведување на нови лица во репрезентацијата, како и начинот на кој игравме на двата натпревари против Италија и оној против Естонија. Нема што да се прави, продолжуваме понатаму. Јас сум оптимист затоа што во иднина сите кошаркари кои сега имаат 17-18 години ќе бидат поискусни и верувам дека со помошта на поискусните играчи Македонија нема да има проблем да се пласира на наредното Европско првенство. Репрезентацијата горе-долу е таа“ – изјави Тодоров.

Се вчитува...