Тодоров: Никој нема да се сеќава на оваа победа ако утре не победиме

Сонот за пласман на Европското првенство за македонската репрезентација останува по денешниот меч против Италија во кој избраниците на Александар Тодоров успеаа да слават со 87-78, благодарение на одличната игра во второто полувреме во кое одлично функционираше одбраната.

По натпреварот селекторот не го криеше задоволството за победата, но потенциташе и дека пред нас е уште еден дуел кој ќе биде поважен и од денешниот.

„Многу важна победа за нас, пред сè бидејќи ни дозволува да сонуваме до утре. Италија играше одлично прво полувреме, погоди девет тројки од 14 шута, постигнаа 53 поени и се и одеше од рака. Во соблекувалната, на полувреме зборувавме дека тоа не се реални проценти, во второто полувреме погодија 3/11, и во вторите 20 минути примивме двојно помалку поени. Уште еднаш ќе потенцираме дека нашата репрезентација е во процес на конструкција, дека во неа се вклучуваат некои млади деца, но никој нема да се сеќава на оваа победа, ако утре не победиме. Утре ќе имаме два тешки противника: силната естонска репрезентација и нашиот замор кој е уште поголем проблем, особено ако знаеме дека ќе играме без Ненад Димитријевиќ“ – изјави Тодоров.

Се вчитува...