Тренерот на МЗТ Скопје, Александар Тодоров, со нетрпение ја очекува паузата во која ќе го има речиси целиот тим на располагање, за да работи на отстранување на грешките и слабостите во играта. По денешниот нов убедлив пораз од Будуќност, МЗТ остана закован на дното на табелата со две победи и седум порази во првите девет кола, но Тодоров очекува далеку подобри резултати на својот тим почнувајќи од месец декември.
„Во финишот од третата четвртина промашивме зицер за шест разлика, а потоа следеше очајниот четврти период во кој примивме 32 поени, а имавме дел од пет минути без ниту еден постигнат кош. Во таа лоша серија не ни функционираше ниту скокот, така што ништо подобро не ни можевме да очекуваме. Паузата во АБА-лигата е добредојдена за нас, ни треба прегрупирање и работа на отстранување на слабостите. Во декември имаме серија од четири средби, и како знаеме мора да добиеме три“ – изјави Александар Тодоров на прес-конференцијата по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА