Тодоров со две промени во составот ќе ја нападне Италија

Со двајца од тројцата најмлади во тимот, Теодор Симиќ и Лука Савиќевиќ, ќе истрча денеска Македонија на дуелот со селекцијата на Италија.

Селекторот Александар Тодоров се реши да ги стави во ростерот за, и тоа како, важниот меч од кој ни зависи и судбината околу евентуалниот настап на наредниот Евробаскет во 2022 година.

За разлика од Симиќ, кој беше во записникот, на првиот меч во Италија, ова е прва прилика за Савиќевиќ, да почувствува  како е „долу на теренот“, откако првите две средби на националниот тим ги проследи од трибините.

Во тимот ќе биде и Дамјан Стојановски, кој на мечот со Русија се здоби со повреда на скочниот зглоб на левата нога. За среќа, не толку сериозна, што го става искусниот бек во стартните пет и за овој втор дуел против Италија на теренот во Арената „Молот“ во Перм.

Се вчитува...