Тодоровски си замина од Шкендија и веднаш најде нов клуб

Баже Тодоровски е вториот фудбалер, по Самир Фазли, што си заминува од екипата на Шкендија откако денеска беше обелоденето дека поранешниот фудбалер на Работнички го напушта таборот на актуелниот шампион.

„Тодоровски повеќе не е дел од нашиот клуб, откако постигнавме договор за предвремен прекин на соработката. Тој дојде во Тетово во јануари 2015 година и со нашиот клуб освои две титули и два куп-троеи. Му благодариме на Тодоровски за придонесот за нашиот клуб“ – објави Шкендија на својата официјална веб-страница.

Искусниот 34-годишен фудбалер немаше проблем да најде нов ангажман, па експресно потпиша договор со албанскиот прволигаш Теута, каде ќе ја мине следната натпреварувачка сезона.

Се вчитува...