Тој е „среќата“ на Шпанија – 50 меча, ниту еден пораз

Родри е „генералот“ на Шпанија на теренот, Унаи Симон покажа дека е голман од највисока класа, а Ламин Јамал е задолжен за атракции.

Шпанците во своите редови имаат и „детелинка со четири листа“, играч кој им носи среќа и кој никогаш не загубил натпревар бранејќи ги боите на националниот тим. Фабијан Руиз. Асот на ПСЖ беше стартер во големото финале, продолжувајќи ја својата неверојатна серија која сега изнесува 50 меча без пораз.

Од овие 50 натпревари на Руиз, Шпанците забележале 35 победи и 15 нерешени средби.

Фабијан Руиз своето деби во националниот тим го имаше во јуни 2019 година, на повик на Луис Енрике кој сега му е тренер во ПСЖ. Тој го одигра првиот натпревар против Фарските острови, влегувајќи во игра на местото на Иско во 74. минута. Веќе на следниот меч Руиз беше стартер против Шведска, асистирајќи при голот за 3-0 што го постигна Ојарзабал.

Оттогаш минаа повеќе од седум години, а Фабијан Руиз се уште ја нема почувствувано горчината на поразот кога ќе настапи на натпревар за Шпанија.

Се вчитува...