Толку од Џенаро во Наполи: Де Лаурентис преку Твитер му врачи отказ на Гатузо!

По синоќешните реми со Верона кое значеше петто место за Наполи во Серија А и пропуштање на можноста следната сезона да се избори за настап во Лигата на шампионите, сосема очекувано тренерот на „наполитанците“ Џенаро Гатузо денеска доби отказ.

Првиот човек на Наполи, Аурелиот Де Лаурентис се одлучи преку Твитер-објава да му врачи отказ на Гатузо.

„Почитуван Рино, среќен сум што ги минавме последните две сезони заедно. Ти благодарам за се што направи за Наполи и ти посакувам успех каде и да одиш. Испраќам прегратка до твојата сопруга и до децата“ – нашиша Де Лаурентис на својот Твитер-профил.

Според најавите од италијанските медиуми, Џенаро Гатузо од јуни треба да биде именуван за нов тренер на Фиорентина.

Се вчитува...