Њу Ингланд патриотс се подготвуваат за новото учество на Супербоул, а првиот човек на клубот, Роберт Крафт, ги израдува фановите на „патриотите“ обелоденувајќи дека е подготвен да му понуди нов долгогодишен договор на Том Брејди. Иако во август ќе наполни 42 години и важи за еден од највозрасните играчи во лигата, Брејди се уште игра во топ-форма, што е причина челниците на Њу Ингланд да му понудат продолжување на актуелниот договор што истекува во 2020 година.
„Некои луѓе зборуваат за неговите години, но реалноста е дека речиси и да нема играч во лигата што може да игра на неговото ниво. Секако дека сме подготвени за нов договор, тој да продолжи да игра за Њу Ингланд и до 45-годишна возраст. Ќе бидам многу изненаден доколку тоа не се случи“ – истакна Крафт.
Нема потреба од брзање, пред Брејди најпрвин е нов предизвик, освојување на шестиот супербоул-трофеј во неделниот дуел со Лос Анџелес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА