Томас Милер го напушта Баерн Минхен

Ѕвездата на Баерн Минхен Томас Милер размислува за напуштање на европскиот гигант бидејќи е незадоволен од улогата која што ја има кај тренерот Нико Ковач, пренесува германскиот „Кикер“.

Неговата улога во тимот е се помала. Главната улога ја имаат други фудбалери, а тоа е фактот кој што највеќе му пречи на Милер, кој е оставен во заден план. За неговите услуги заинтересирани се Интер и Милан, а до Баерн Минхен има стигнато понуди и од неколку премиерлигаши. Ако се случи тој да го напушти „баварскиот“ тим, тоа ќе му биде прво искуство надвор од Германија, бидејќи целата кариера ја помина на „Алијанц арена“.

Томас Милер за Баерн Минхен дебитираше во 2008 година, а во текот на 11 поминати сезони во тимот, забележа 481 настап на кој постигна 185 гола.

Се вчитува...