Томас Тухел изјави дека се чувствува како дома во Англија, иако се уште не е подготвен да ја пее националната химна. Германскиот стратег, кој се подготвува да ја предводи Англија до своето прво Светско првенство, рече дека чувствува дека се уште не го заслужил правото да ја пее „Боже, чувај го кралот“, но јасно стави до знаење дека сака да ја освои нацијата и да го води тимот до слава ова лето.
Тухел разви силна врска со земјата што го прифати, а ова е пред клучниот прв натпревар од групата против Хрватска. Кога го прашаа дали ќе ја пее националната химна, тој одговори:
„Се уште не, не мислам дека сме стигнале до тоа. Можеби на самиот крај, се уште сум малку срамежлив. Не сакам никого да навредам и не сакам фокусот сега да се префрли на тоа. Но, во основа, се чувствувам како дома. Викам одам дома, кога ќе се вратам во мојот дом во Лондон. Се чувствувам како дома кога слетувам во Лондон и кога сум во Англија“, изјави Тухел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
