Томас Тухел прави голема „чистка“ во Баерн Минхен

Томас Тухел се спаси од срам со освоената титула во Бундеслигата, а за да не дојде блиску до нова бламажа веќе започна со работа прешрктувајќи седум имиња од ростерот на тимот, откриваат германските медиуми.

Прво име на листата јасно е Садио Мане кој со физичката пресметка со соиграч сам си ја одлучи иднината на „Алијанц Арена“. Покрај 31-годишниот Сенегалец во Баерн Минхен нема да има место ниту за: Серж Гнабри, Лирој Сане, Сар, Алехандер Нубел, Марсел Сабитцер и Бенџамин Павар.

Изненадувачки е што меѓу првите на листата се Гнабри и Сане, кои беа стандардни сезонава. Сепак, германските медиуми информираат дека нивните агенти веќе биле повикани од новата управа, со децидна порака да почнат да бараат нови клубови за двајцата германски репрезентативци.

Со заминувањето на овие седуммина ќе се финансираат засилувањата. На врвот на листата на желби се наоѓа Деклан Рајс од Вест Хем Јунајтед за кој според последните информации баварците се расположени и да одвојат над 100 милиони евра. Покрај Англичанецот приоритет ќе биде засилување на голгетерската позиција, каде на врвот на листата со желби се наоѓа Душан Влаховиќ.

Се вчитува...