Томас Тухел на клупата на Атлетико Мадрид?

Томас Тухел е без работа од септември кога доби отказ од Челзи, но во новата сезона би требало да биде во шпанската Ла Лига.

Германскиот стручњак ја загуби довербата на Тод Боли, новиот газда на клубот од „Стемфорд Бриџ“ по поразот од Динамо во првото коло од групата на Лигата на шампионите, а го наследи Греам Потер.

Меѓутоа, Тухел во меѓувреме се поврзуваше со голем број важни тренерски позиции, па дури и како можен селектор на англиската репрезентација. Сепак, тоа нема да се случи барем засега бидејќи Герет Саутгејт ја задржа својата селекторска позиција барем до ЕВРО 2024 година во Германија.

Сепак, има информации дека Тухел сериозно почнал да учи шпански бидејќи од следната сезона се очекува да води силен тим од Ла Лига. Најсериозна опција е отказот на Диего Симеоне, кој единаесет години е во Атлетико Мадрид, а клубот стагнира последните две сезони. Многумина се незадоволни од начинот на кој Аргентинецот го води тимот и како самиот тим игра неатрактивен фудбал. Затоа, шпанските медиуми тесно го поврзуваат Тухел со преселба во Атлетико.

Се вчитува...