Томе Китановски ново засилување за Струга ТиЛ

Томе Китановски и официјално во пролетниот дел од сезоната ќе го носи дресот на Струга Трим Лум, потврдија од клубот. Станува збор за дефанзивец, кој ќе го пополни испразнетото место со заминувањето на Клисман Цаке, кој се пресели во Шкендија.

Со Китановски потпишавме стружани потпишаа договор до крајот на сезоната, со можност за продолжување на уште една година. Китановски има големо искуство и во домашниот и во меѓународниот фудбал. Неодамна беше дел од ФК Скопје, додека играше и за Пелистери и Македонија Ѓ.П.

Во однос на неговата меѓународна кариера, тој играше во Крајова во Романија, во Вождовац и Младост Лучани во Србија, во Истра и Славен Белупо во Хрватска, во ФК Сабаил во Азербејџан и во Кукс во Албанија.

 

Се вчитува...