Томовски „главен виновник“ што Вардар има само минус два на полувреме против Пик Сегед

Ракометниот шампион на Македонија, Вардар има негатива од два гола (17-15) на полувреме на гостувањето кај Пик Сегед во седмото коло од годинашното издание на Лигата на шампионите.

Пик Сегед уште од почетокот почна одлично особено во фазата на напад и во првите десет минути од мечот успеваше да ја задржи предноста од три гола до која стигна многу брзо. Играта гол за гол продолжи и во следниот период, а одбраната на „црвено-црните“ беше најголемиот проблем во првите 15 минути во кои голманот Ристовски успеа да забележи само една одбрана.

Следуваше промашен пенал на Тимур Дибиров, по кој гостите реализираа преку Фримел и за првпат стигнаа до плус четири (11-7), по што мораше тајм-аут да побара стратегот на „вардарци“, Веселин Вујовиќ. Следеше нов пенал за Вардар кој овојпат Дибиров го реализираше и успеа да се запише како само четврти ракометар во елитата кој успеал да стигне до бројката од 1000 гола.

Пик Сегед повторно стигна до плус четири (13-9), но Вардар на „крилата“ на одличниот Томовски кој за кратко запиша три одбрани во 22. минута повторно дојде на минус два (13-11). Томовски запиша уште една одбрана, а со голот на Оливие Њокас, Вардар првпат по подолго време дојде на само минус еден (13-12), по што и тренерот на Пик Сегед, Пастор мораше да го побара својот прв тајм-аут.

Залудна беше паузата за Пастор, бидејќи „Томовски шоу“ продолжи во Сегедин, а со четвриот гол на Дибиров, Вардар израмниа на пет минути до крајот на првиот дел на 13-13. До крајот на првите 30 минути се играше гол за гол, а Бодо со вистинска бомба во последната секунда успеа на пауза да замине со позитива од плус два 17-15.

Томовски на голот беше одличен со шест одбрани од дванаесет упатени удари, додека Тимур Дибиров е прв стрелец со четири гола. Кај Унгарците по првите 30 минути најефикасен е Тонесен со пет гола.

Се вчитува...