ЕКИПА во Берлин, Германија
Стеван Цаневски
Македонија не успеа да парира според посакувањата на моќната Германија во 2. коло на Европското првенство 2024.
Голманот Мартин Томовски доби поголема минутажа, во однос на претходниот меч со Франција, па можеше да ја почувствува моќта на противникот кој ја казнуваше секоја наша грешка.
„Знаевме дека Германија е вистинска машинерија која понесена од атмосферата во салата ќе знае да ја казни секоја наша грешка. Искрено, и не можевме нешто повеќе да очекуваме од дуелот со домаќинот кој се знаеше дека ќе одигра под максимален погон“ – ни изјави Томовски по мечот.
Сега, за Македонија во вторник од 18 часот останува уште дуелот со Швајцарија за престиж и за избегнување на последното место во групата.
„Со Швајцарија не чека уште еден тежок меч. Го гледавме нивниот натпревар против Франција, одиграа одлично во одбраната која им донесе нерешен резултат со фаворитот. Мора максимално да пристапиме на тој меч за да се обидеме да го извлечеме најдоброто од нас“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА