Мартин Томовски и неговиот Битигхајм го завршија настапот во годинашното издание на Купот на Германија, откако доживеа неочекуван пораз на домашен терен од второлигашот Минден со 32-34.
Македонскиот репрезентативен чувар на мрежата одигра одличен натпревар и беше меѓу најдобрите поединци во својот табор. Томовски запиша 13 успешни интервенции со солидна реализација од околу 30 отсто на одбранети удари, но ниту неговата одлична партија не беше доволна за неговиот тим да го избегне поразот и да избори прогрес во следната фаза.
По оваа елиминација, за Томовски и неговите соиграчи од Битигхајм до крајот на сезоната останува комплетно да се фокусираат на предизвиците и настапите во домашната Бундес лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
