Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски продолжува со извонредната форма на стартот од сезоната во Бундеслигата.
Вистински драматичен натпревар одигра неговиот Битигхајм на домашен терен против Хановер, на кој загуби со 29-31, но Томовски имаше одличен меч.
Македонскиот голман забележа 12 одбрани, со 30% успешнот, издвојувајќи се како најдобар поединец во својот тим, и покрај то што не успеа да му помогне на Битигхајм да го избегне поразот.
Томовски во моментов е на второто место на листата на најдобрте голмани во Бундеслигата, со 53 одбрани, веднаш зад Давид Шпет од Рајн Некар Левен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
