Тони Крос: Се е ОК додека имам тоалетна хартија…

Фудбалерите и кошаркарите на Реал Мадрид се наоѓаат во карантин откако Трој Томпкинс беше позитивен на Ковид-19, а германските медиуми успеаја да стигнат до изјава на Тони Крос.

„Ја користев истата опрема како и Томпкинс во тренинг-центарот, но се чувствувам добро. Јас и моето семејство немаме симптоми, се чувствуваме добро. Не ми е здодевно, не може да ти е здодевно кога си дома со три деца, секогаш ни се случува нешто. Имам време да си ја наместам фризурата, а кога ќе завршам, ја правам и фризурата на сопругата“, на шега прокоментира Крос, па додаде: Имам многу тоалетна хартија дома, а се е ОК додека имам тоалетна хартија“, изјави Крос за емисијата „Late Night Berlin”.

Потоа, Германецот даде и сериозен коментар за ситуацијата ширум светот.

„Сите прашуваат кога пак ќе играме фудбал, но според мене тоа е најмал проблем од се. Најважно е да ја добиеме борбата со овој невидлив непријател. Кога ќе го сториме тоа, се ќе се врати во нормала“, истакна Тони Крос.

Се вчитува...