Пред финалето на Светското првенство 2026 меѓу Шпанија и Аргентина, Тони Крос не крие дека е наклонет кон Шпанија и верува дека Аргентина ќе биде во голема неволја ако тимот на Луис де ла Фуенте постигне гол прв.
Крос анализираше што може да очекуваме од финалето притоа посебно нагласувајќи ја способноста на Шпанците да ја контролираат играта откако ќе добијат предност.
„Ако тим како Шпанија успее да ја наметне својата игра додека води, тогаш никој не сака да игра против нив“, рече тој.
Поранешниот играч на Реал Мадрид верува дека раниот гол на Шпанија би можел целосно да го промени финалето и да ја принуди Аргентина во стил на игра што не им одговара.
„Ако Шпанија води со 1-0, можете да заборавите на сè. Аргентина би можела да прими три или четири гола затоа што едноставно нема да најдат решение“, беше категоричен Германецот.
Меси и менталитетот на Аргентина
Иако ја гледа Шпанија како подобар тим и фаворит, Крос го пофали менталитетот на аргентинската репрезентација. Тој беше особено импресиониран од Лионел Меси, кој дури и на 39-годишна возраст го водеше својот тим до финалето на светското првенство.
„Аргентина не е подобра од Германија, но имаат неверојатен менталитет и Меси, кој ги одвлече до финалето. Забележувам дека неговата интелигенција на теренот постојано расте“, рече Крос.
Тој исто така призна дека не очекувал Меси да остане на највисоко ниво толку долго. Беше убеден дека Светското првенство во Катар 2022 година ќе биде последното големо натпреварување во неговата кариера, но капитенот на Аргентина повторно ги помести границите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
