Тони Кукоч конечно влезе во „Куќата на славните“ и испиша историја за Хрватска

Хрватскиот кошаркар Тони Кукоч влезе во „Куќата на славните“ во Спрингфилд. Тројниот освојувач на титулата во НБА со легендарната генерација на Чикаго Булс предводена од Мајкл Џордан е петтиот Хрват кој доби свое место во „бесмртноста“. Претходно од оваа земја во Спрингфилд беа примени и Крешимир Чосиќ, Дражен Петровиќ, Мирко Новосел и Дино Раџа.

Со ова достигнување Хрватска е втората земја по САД со најмногу членови во „Куќата на славните“. Покрај Кукоч во генерацијата 2021 во „Куќата на славните“ се и Крис Бош, Крис Вебер, Бен Волас, Пол Пирс кај кошаркарите и Бил Расел и Џеј Рајт кај тренерите.

Се вчитува...