Тони Паркер потпиша за Шарлот

Француската кошаркарска ѕвезда Тони Паркер и официјално стана дел од Шарлот. Договорот е на две години со тоа што втората година не е загарантирана. Шарлот, следното лето има право да реши дали ќе ја активира втората половина од договорот. Ако бидат реализирани двете сезони, Паркер ќе заработи 10,25 милиони долари. 36-годишниот кошаркар во досегашната НБА кариера има заработено 160 милиони долари.

Францускиот плејмејкер ланската сезона одигра 55 натпревари за Сан Антонио, во просек постигнувајќи по 7,7 поени и 3,5 асистенции по натпревар.

Тони Паркер целата досегашна кариера ја мина во Сан Антонио, клубот за кој одигра 17 сезони.Од активните НБА играчи Паркер е втор на листата зад Леброн Џејмс според бројот на одиграни натпревари во плејофот (226, Леброн има 239).

 

Се вчитува...