Тони Пјулис доби отказ од ВБА

Тони Пјулис повеќе не е менаџер на Вест Бромвич Албион откако управата на премиерлигашот од Бирмингем реши да му врачи отказ на овој 59-годишен стратег. ВБА викендов загуби со убедливи 0-4 на домашен терен од Челси, што беше четврти пораз во низа за оваа екипа, по што челниците на ВБА решија да ја прекинат соработката со Пјулис.

Во фудбалот се најважни резултатите, а нашите резултати во финишот од ланската и стартот на оваа сезона се многу разочарувачки. Токму затоа се решивме за тренерска смена, но би сакале да му се заблагодариме на Тони за професионализмот со кој ја извршуваше својата функција од 2015 година“ – изјави претседателот на ВБА, Џон Вилијамс.

Вест Бромвич моментно се наоѓа на 17. позиција на табелата со само десет освоени бода. Оваа екипа во следното коло на „Вембли“ ќе му гостува на Тотенхем.

Се вчитува...