„Топчиите“ ги торпедираа „црвените ѓаволи“

Манчестер Јунајтед се уште беше во еуфорија од големата победа во Париз, а Арсенал го искористи тоа и со денешната победа од 2-0 на премиерлигашкото дерби ги прескокна „црвените ѓаволи“ на четвртото место на табелата.

Дерби-пресметката донесе допадлив фудбал во кој и двете екипи имаа свои шанси, а „ѓаволите“ сигурно ќе жалат за промашувањата на Ромелу Лукаку во првото полувреме. Белгиецот на самиот почток од идеална позиција биеше само во гредата, а набрзо потоа стигна казната на спротивната страна.

Џака се реши да шутира од околу 25 метри и го изненади Де Хеа, кој тотално погрешно го процени движењето на топката, па мораше на крајот да ја вади од мрежата. Лукаку имаше одлична можност да израмни, но Лено го одбрани неговиот обид пред крајот на полувремето.

Конечните 2-0 од пенал ги постави Обамејанг, откако судијата Мос престрого го санкционираше минималниот контакт меѓу Фред и Лаказет во шеснаесетникот на гостинскиот тим.

Арсенал сега се наоѓа на четвртото место на табелата со 60 бода, два повеќе од Манчестер Јунајтед, додека Челси е шестопласиран со 57 бода на своето салдо.

Се вчитува...