„Топчиите“ преку Њукасл до третото место во Премиер – лигата

Арсенал го совлада Њукасл со 2-0 на „Емирати“ и се искачи на третата позиција на табелата во Премиер – лигата. „Топчиите“ беа доминантни против тимот на Рафа Бенитез, а стигнаа до значајни три бода со головите на Арон Рамзи и на Александре Лаказет.

Велшанецот Рамзи погоди во 30.минута и го отвори резултатот, а точка на триумфот ставо Лаказет со убав лоб удар во 83.минута.

Арсенал сега има два бода повеќе во однос на Тотенхем и на Манчестер Јунајтед во трка за позициите кои водат во Лигата на шампионите следната сезона.

Се вчитува...