„Топчиите“ распукаа по Кристал Палас

Арсенал оствари важна победа (2-3) на гости против Кристал Палас и го држи чекорот во трката за пласман во Лигата на шампионите следната сезона. „Топчиите“ имаат 37 бода и се наоѓаат на шестата позиција, но само со шест бода негатива во однос на второпласираниот Манчестер јунајтед.

Мустафи го отвори резултатот во 25.минута, но Таунзенд донесе израмнување за Кристал Палас на самиот старт од вториот дел. Човек на одлука беше Алексис Санчез кој беше двоен стрелец во продолжението од мечот, погодувајќи ја мрежата на домаќинот во 62. и во 66.минута. Томкинс во завршницата само успеа да намали на 2-3, но триумфот му припадна на Арсенал.

Се вчитува...