„Топчиите“ во полуфиналето на ФА купот на Англија

Арсенал го совлада Шефилд Јунајтед на гости со 1-2 и се пласира во полуфиналето на ФА купот на Англија. „Топчиите“ во самиот финиш се протнаа до триумф на овој дуел.

Пепе од пенал го доведе во водство составот на Микел Артета во 25.минута од мечот. Но, Шефилд Јунајтед возврати пред крајот. Дејвид Мекголдрик успеа да израмни во 87.минута. Сепак, Арсенал брзо регираѓе и не дозволи натпреварот да оди во продолженија.

Дани Себалјос постигна победнички погодок во судиското продолжение од мечот.

Се вчитува...