Дојде, виде, веднаш ќе си замине од Атлетико Мадрид

Ликас Тореира беше желба на Диего Симеоне уште дури го носеше дресот на Сампдорија, а изминатото лето конечно го доведе во своите редови, на позајмица од Арсенал. Сепак, Уругваецот наскоро би можел да го напушти „Ванда Метрополитано“ откако не се вклопи во тактичките замисли на аргентинскиот стратег.

Играчот за врска не се снајде во составот на Симеоне, одигра пет натпревари во дресот на „црвено-белите“, постигнувајќи еден погодок. Доколку 24-годишникот ја одигра целата сезона за Атлетико, мадридскиот клуб има обврска да ја активира откупната клаузула од 20 милиони евра и да го задржи во своите редови, па за да се избегне дополнителен трошок „Чоло“ веќе дал „зелено светло“ за прекин на позајмицата и враќање на Уругваецот во Лондон.

Тореира не беше во плановите на Артета на почетокот на сезоната, но по очајниот старт на „топчиите“ во новата сезона, Уругваецот би можел да добие шанса во својот матичен клуб. Како опција се споменува и Торино, кој беше вклучен во разговорите за доведување на овој фудбалер во текот на летото.

Се вчитува...