Торино одби уште една понуда на Наполи за Белоти

Наполи игра слабо во подготвителниот период, а тренерот Карло Анчелоти е свесен дека му се неопходни засилувања за да може да се носи со останатите конкуренти за највисок пласман. Најголема желба му е Андреа Белоти од Торино, но тој трансфер е и исклучително тежок за реализација бидејќи „торинезите“ не сакаат ни да чујат за продажба на својот најдобар стрелец.

Како што јавуваат италијанските медиуми, во текот на вчерашниот ден беше одбиена и втората понуда на Наполи за Белоти, во висина од 30 милиони евра плус Роберто Инглезе. „Наполитанците“ најавуваат нов обид, но се чини дека Торино нема дададе зелено светло доколку не добие понуда од најмалку 70 милиони евра, сума на која Белоти беше проценет и минатото лето.

Анчелоти се наоѓа во небрано, па останува да се види дали претседателот Де Лаурентис ќе му излезе во пресрет и ќе го засили играчкиот кадар, откако првиот човек на Наполи ги отфрли барањата на тренерот за ангажман на Кавани, Ди Марија и Видал, бидејќи „биле премногу стари“.

Се вчитува...