Торонто ја доби неизвесната завршница со Шарлот, славје и на Јута

Изминатата вечер беа одиграни шест подготвителни натпревари пред почетокот на новата НБА сезона во кои најнеизвесниот натпревар беше во Шарлот каде Торонто славеше со 109-112. Ванвлит го предводеше својот состав со 23 поени, додека Флин додаде 17. Кај домаќините Розие и Мекденијелс натпреварот го завршија со по 15 поени.


Јута славеше над Феникс со 111-92. Вечерта ја одбележа Руди Гоберт кој оствари учинок од 11 поени и 20 скока, додека најефикасен беше Бојан Богдановиќ кој натпреварот го заврши со 18 поени. Кај Феникс, Букер натпреварот го заврши со 27 поени.

На крилјата на Валанчиунас и неговите 22 поени, Мемфис ја совлада Минесота со 104-123. Кај домаќините Расел постигна 19 поени.


Мајами без Драгиќ беше прегазен од Пеликанс со 92-114. Првиот пик од драфтот во 2019 година, Вилијамс оствари дабл-дабл учинок од 26 поени и 11 скока, додека Инграм додаде 22 поени и 6 скока. Кај Мајами најефикасен беше Тајлер Хиро со 17 поени.


Натпреварот со многу пресврти се одигра во Охајо каде Кливленд славеше над Индијана со 116-106. Ексум беше прв стрелец со 23 поени, додека Драмонд додаде 17 поени и 11 скока за Кливленд, додека во противничкиот табор Литванецот Сабонис натпреварот го заврши со 18 поени.

Се вчитува...