Торонто Репторс поради корона се селат во САД

Торонто Репторс домашните мечеви во новата сезона во НБА лигата поради пандемијата од коронавирусот нема да ги игра во Канада. Имено, поради пандемијата границите меѓу САД и Канада се затворени, па Репторс веќе почнаа да размислуваат каде би ги играле домашните мечеви.

Најблиска опција за тоа е домаќини да бидат во Луизвил, но не е исклучено и тоа да биде Њујорк или Чикаго.

За потсетување поради истиот проблем канадскиот бејзбол тим, Торонто Блу Џејс домашните натпревари ги играше во Бафало.

Се вчитува...