„Торцида“ претепа хрватски судија зошто судел против Хајдук

Хрватскиот фудбалски судија Иван Бебек претепан е синоќа на паркинг пред дискотека во Сињ. Тој претходно го судеше мечот Хајдук – Локомотива од хрватското првенство, а вечерта бил нападнат од членови на навивачката група „Торцида“.

„Беше тоа класична ’местенка’. Бев на пијалок со неколкумина пријатели од Сињ. Кога одев кон автомобилот, бев нападнат на паркингот од зад грб. Беа тоа навивачи и почнаа да ме удираат со бејзбол палки. Паднав на асфалтот и лежев долго време облеан во крв. Кога видоа дека веќе не давам отпор, си заминаа. Имам повреди на вратот, главата, рамената и на грбот. Не можам да верувам дека ова се случува“, изјави Иван Бебек за хрватските медиуми.

Хајдук Сплит ја победи Локомотива Загреб со 3-0, а сепак сплитските хулигани биле незадоволни од арбитражата на Иван Бебек.

Се вчитува...