Тошевски против Зенит дебитираше во дресот на Ростов

Македонскиот младински репрезентативец Давид Тошевски дебитираше во дресот на Ростов во 2. коло од шампионатот на Русија.

Тошевски ги одигра последните пет минути од натпреварот против рускиот гигант Зенит, кој Ростов го загуби со 0-2. Зенит поведе со голот на Азмун во 24. минута, а Ловрен во 87. минута ги постави конечните 0-2.

За Давид Тошевски дебито е јасен показател колку тренерот на Ростов, Валериј Карпин верува во неговиот потенцијал кој се очекува да го потврди низ актуелната сезона во Русија.

Се вчитува...