Тотален договор: Игуаин и Калдара во Милан, Бонучи назад во Јуве

Долгите преговори вродија со плод, па попладнево беше постигнат тотален договор – Леонардо Бонучи по една година се враќа во Јувентус, а Милан за возврат ќе го добие младиот Матиа Калдара. Покрај тоа, Јувентус ќе го прати на позајмица на „Сан Сиро“ и Гонзало Игуаин, кој стана прекуброен во нападот на „старата дама“ по ангажманот на Кристијано Роналдо.

Бонучи ја увиде грешката при ланскиот трансфер во Милан, па летово ги одби ПСЖ и Челси инсистирајќи на враќање назад во Јувентус. „Старата дама“ одигра одлично во преговорите, па нема да плати ништо за него, туку во Милано ќе го испрати младиот Калдара, кој минатиот месец пристигна од Аталанта и ќе си замине без да одигра ниту еден официјален меч за „црно-белите“ од Торино.

Постигнат е и целосен договор со Игуаин, откако агентот на Аргентинецот ги прифати понудените услови од страна на „росонерите“. Милан ќе му плати на Јувентус 18 милиони евра за позјамицата и уште 36 милиони евра следното лето за целосно откупување на неговиот договор, со што „росонерите“ нема да го прекршат финансискиот ферплеј.

Се вчитува...