Тотална доминација: Јокиќ со нов рекорд во НБА лигата!

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ синоќа на дуелот против Феникс остана на само еден скок до нов „трипл-дабл“ (22 поени, 9 скока и 10 асистенции) во НБА лигата, но затоа, пак, не пропушти да се запише во историјата.

Јокиќ продолжи да ги поместува границите во НБА со нов рекорд. Србинот е првиот играч во историјата на најсилната кошаркарска лига на светот кој постигнал повеќе од 8.000 поени, 4.000 скока и 3.000 асистенции во период од пет години во ова натпреварување.

Јокиќ во овие пет години и двапати беше МВП на лигата, а минатата сезона сосема неоправдано не му беше доделено тоа признание, и покрај тоа што Денвер благодарание само на него дојде до шампионскиот трофеј.

Денвер во моментов, со ефект од 51 победа и 22 порази е лидер на табелата во Западната конференција.

Се вчитува...