Тотенхем е на чекор до четврт-финале, Борусија нокаутирана на „Вембли“

Тотенхем со едната нога веќе е во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако лондонскиот премиерлигаш вечерва во првиот осминафинален натпревар убедливо ја совлада Борусија Дортмунд со 3-0. И двата тима настапија без неколку клучни играчи, а човек на одлука за „спарси“ беше дефанзивецот Јан Фертонген, кој со гол и асистенција го предводеше својот тим до големата победа.

Борусија има за што да жали пред се поради фактот дека „милионерите“ беа подобар противник во првиот дел, но не искористија ниту една од шансите што ги создадоа во овој дел од мечот. Казната стигна на самиот старт од второто полувреме, кога Сон го отвори резултатот на додавање на Фертонген. Ритамот на германскиот тим беше нарушен, Тотенхем создаваше шанси, па во последните десет минути постигна и уште два погодоци, преку Фертонген и Љоренте, за печат на големата победа.


Се вчитува...