Тотенхем го „растури“ Евертон сред Ливерпул (ВИДЕО)

Триумфот број пет на Тотенхем во првенството дојде на гостувањето кај Евертон. Бодовите заминаа во Лондон благодарение на убедливиот триумф од 0-3 на гостите.

Херој на гостинскиот тим е Мики ван де Вен кој успеа да постигне два гола. Стоперот на Тотенхем погоди во 19. минута, и потоа пред истекот на првиот дел, обезбедувајќи водство од 0-2.

Во второто полувреме пред крајот и Сар се запиша во листата на стрелците, комплетирајќи го убедливиот триумф на лондончани, за искачување на третото место на табелата.

Се вчитува...