Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е една од петте желби на Маурицио Покетино, менаџерот на Тотенхем, за засилување на средниот ред на тимот. По заминувањето на Муса Дембеле во Кина, се отвора простор за ангажман на нов играч за врска. Тотенхем има на располагање 20 милиони фунти, а Покетино посакува млад фудбналер кој би се вклопил крај Деле Али и Кристијан Ериксен.
Прв „пик“ на Тотенхем е Франк Кеси од Милан, а во игра се и Рубен Лофтус Чик од Челси, Абдулае Диакуре од Вотфорд, Деклијан Рајс од Вест хем и Елиф Елмас од Фенербахче. За македонскиот репрезентативец се интересираат и Реал Мадрид, Борусија Дортмунд, Лацио…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА