Англиските премиерлигаши Манчестер Јунајтед и Тотенхем појавуваат интерес за аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала. Раководството на Јувентус одлучи да го стави офанзивецот на трансфер – листа откако Аргентинецот побара 15 милиони евра по сезона во преговорите за продолжување на договорот. Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер ќе се обидат да го убедат Дибала да се пресели во Премиер – лигата.
Новиот тренер Андреа Пирло исто така дал согласност за Дибала да замине од Торино. Тој сака да купи класичен напаѓач, а во опција се Раул Хименез од Вулверхемптон, Аркадиуш Милик од Наполи и Един Џеко од Рома.
Јувентус одреди отштета од 100 милиони евра за Пауло Дибала, меѓутоа англиските клубови се надеваат дека ќе ја спуштат цената до 70 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА