Тотенхем му пресуди: Лидс останува без тренер, „шут карта“ за Биелса

Искусниот стратег Марсело Биелса по серијата лоши резултати, ја напушта вжештената клупа во Лидс Јунајтед. Неговата екипа претходните недели имаше тешки порази, од Тотенхем со 4-0, од Ливерпул со 6-0, од Јунајтед со 4-2 и од Евертон со 3-0.

Откако направи свој карактеристичен стил на фудбалот, ја воведе екипата во Премиерлигата, Аргентинецот заминува од Иланд Роуд, а своето место ќе му го препушти на Џеси Марш, кој претходните години беше тренер на Салцбург.

Биелса низ кариерата досега, ги водеше екипите на Лацио, Олимпик Марсеј, Атлетик Билбао, репрезентацијата на Чиле, Аргентина, потоа Еспањол и Велез Сарсфилд.

Се вчитува...