Тотенхем не е Манчестер јунајтед – Нуно Еспирито Санто доби отказ

Нуно Еспирито Санто веќе не е тренер на Тотенхем, откако раководството утрово му врачило отказ на португалскиот стратег. Еспирито Санто на клупата на Тотенхем дојде на стартот на сезоната, а по трите победи во првите три натпревари, лондонскиот тим е во катастрофална серија.

Чашата ја прели поразот на тимот на домашен терен од Манчестер јунајтед со 0-3, по што раководството мораше веднаш да реагира и да му врачи отказ на Санто. Негов наследник најверојатно ќе биде Антонио Конте кој ја прифатил понудата на Тотенхем.

Тотенхем во моментов е на осмата позиција на првенствената табела со 15 освоени бода.

 

 

Се вчитува...