Тотенхем носи ште еден напаѓач наместо Гакпо

Тотенхем потроши речиси половина милијарда фунти во овој преоден рок, тимот стартуваше катастрофално без ниту еден постигнат погодок, па управата реши повторно да се активира на пазарот и да доведе нов офанзивец во своите редови.

План А беше да се ангажира Коди Гакпо од Ливерпул, но откако Холанѓанецот го избра Манчестер сити, раководството на лондонскиот клуб се насочи кон „планот Б“ на пазарот – Илман Ндаје од Евертон.

Сенегалскиот крилен офанзивец беше поврзуван со Челси и Манчестер јунајтед, за на крајот сепак да заврши во таборот на Тотенхем. Евертон десетина дена преговараше со Тотенхем за Ришарлисон, па двата клуба најдоа заеднички јазик, голгетерите ќе ги сменат клупските бои, а „спарси“ ќе доплатат извесна сума за разликата во цената на двајцaта фудбалери.

Се вчитува...