Тотенхем победува и без Кејн, Сон го реши Арсенал

Тотенхем славеше на пријателскиот натпревар против Арсенал со минимални 1-0, уште еден во низата дуели што тренерите ги користат во пресрет на стартот на новата премиерлигашка сезона што ќе почне наредниот викенд.

Нуњо Еспирито Санто не дозволува неиграњето на Хари Кејн да стане проблем, „спарси“ делуваат се подобро и покомпактно под водство на новиот стратег, кој поголем акцент става врз играта во одбрана.

Денешното лондонско дерби го пресуди погодокот на Сон во второто полувреме, доволно за триумф во пресрет на првото премиерлигашко коло во кое Тотенхем ќе има исклучително тешка задача – дуел со шампионот Манчестер Сити.

Се вчитува...