Тотенхем прв до осминафиналето во Лигата на Европа (ВИДЕО)

Англискиот Тотенхем е првиот учесник во осминафиналето во Лигата на Европа, откако вечерва и во реваншот против австрискиот Волфсбергер славеше овој пат со 4-0. По триумфот на првиот натпревар од 1-4, избраниците на Жозе Мурињо со уште една рутинска победа го потврдија учеството во следната рунда во најмасовното европско фудбалско натпреварување.

Деле Али со прекасен гол со „ножички“ го отвори резултатот во 11. минута, а во вториот дел со двата гола на Карлос Винициус и еден на Герет Бејл беше потврдена убедливата победа.

 

 

 

 

 

Се вчитува...