Тотенхем е големиот победник во последното коло од Премиер-лигата откако „спарси“ славеа на домашен терен над Евертон со 1-0 за опстанок во елитното друштво. На Тотенхем му беше доволен само еден бод, но стигна до цел плен благодарение на погодокот на Палиња во самиот финиш од првото полувреме.
Резултатот на овој меч значеше и сигурно испаѓање на Вест Хем, па „чеканите“ без оглед на денешниот триумф над Лидс од 3-0 ќе се преселат во Чемпионшип-дивизијата.
Пеп Гвардиола претрпе неочекуван пораз од 1-2 од Астон Вила на својот последен меч како менаџер на Манчестер Сити. Семењо донесе водство на „граѓаните“, но вила преку Оли Воткинс стигна до целосен пресврт и неочекуван исход на „Етихад“.
Манчестер јунајтед предводен од Бруно Фернандеш (гол и асистенција) славеше на гостувањето во Брајтон со 0-3, додека Ливерпул слабата сезона ја заокружи со реми на домашен терен со Брентфорд (1-1), на последниот меч на Мохамед Салах и Енди Робертсон во дресот на „црвените“.
Резултати Премиер-лига:
Брајтон – Манчестер Ј. 0-3, К. Палас – Арсенал 1-2, Барнли – Вулверхемптон 1-1, Ман. Сити – Астон Вила 1-2, Фулам – Њукасл 2-0, Нотингем – Борнмут 1-1, Ливерпул – Брентфорд 1-1, Тотенхем – Евертон 1-0, Вест Хем – Лидс 3-0, Сандерленд – Челси 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
