Тотенхем славеше во „луд меч“, Челси и Сити убедливи

Тотенхем во фантастичен натпревар по дури седум минути судиско продолжение успеа да го скрши отпорот на Викомб и да слави со резултат 4-3, пласирајќи се во осминафиналето од ФА Купот на Англија. Аутсајдерот имаше водство од 0-2 по првото полувреме, а откако Тотенхем стигна до 2-2 фудбалерите на Викомб постигнаа нов гол за водство на седум минути до крајот. Сепак, „спарси“ не дозволија изненадување, Деле Али израмни на 3-3 во 89. минута, за Кореецот Сон со својот втор гол во 97. минута да предизвика еуфорија меѓу домашните фанови на „Вајт харт лејн“.

За разлика од Тотенхем, фудбалерите на Челси рутински си ја одработеа задачата на дуелот со Брентфорд (4-0). Конте им даде заслужен одмор на дел од првотимците, но „сините“ дури и со комбиниран состав лено славеа со головите на Вилијан, Педро, Ивановиќ и на Батшуаи.

Рутински својата задача во оваа фаза од ФА Купот ја одработе и Манчестер сити, триумфирајќи со 0-3 на гостувањето во Лондон против Кристал палас. Рахим Стерлинг го отвори резултатот во финишот од првото полувреме, за потоа во вториот дел Сане и Туре да ја осигураат победата на „граѓаните“.

All Goals HD – Chelsea 4-0 Brentford 28.01.2017 HD by Live1Goals
Tottenham Hotspur 4 – 3 Wycombe Wanderers 28… by gashieliesaa

Се вчитува...