Тотенхем со автогол до победа против Евертон

Тотенхем оствари значајна победа над Евертон на домашен терен и ги задржа шансите за излез на европска сцена. Тимот на Жозе Мурињо славеше со 1-0, а сопствената мрежа ја затресе дефанзивецот на Евертон, Мајкл Кин.

Во 24.минута, по ударот на Ло Селсо, одбранбениот фудбалер на Евертон несреќно ја зафати топката и ја испрати во мрежата на Џордан Пикфорд.

Тотенхем по оваа победа се наоѓа на осмата позиција на табелата со 48 бода, седум помалку од петтопласираниот Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...