Тотенхем со играч повеќе не успеа да слави над Саутемптон, лесни победи на Вест Хем и Кристал Палас (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тотенхем одиграа само реми на гостувањето кај Саутемптон (1-1) во натпревар од 20. коло во англиската Премиер-лига. Гостите може да бидат незадоволни од конечниот резултат бидејќи од 39. минута откако домашниот играч Салису доби втор жолт картон играа со фудбалер повеќе.

Домаќините поведоа со голот на Вард Проуз во 25. минута, додека конечните 1-1 ги постави Хари Кејн во 41. пенал. До крајот за издвојување е и поништениот гол токму на Кејн поради офсајд.

Вест Хем славеше на гостувањето кај Вотфорд со 1-4, додека Кристал Палас го совлада „фенерџијата“ Норич со 3-0.

Голот на Вард Проуз можете да го погледнете на следниот линк. 

Голот на Хари Кејн можете да го погледнете на следниот линк.

 

 

 

Се вчитува...